Со добра идеја, знаење и упорност до сопствен бизнис

Bez autora
Nov 13 2012

Информатичката технологија, маркетингот, менаџментот и изработувањето реклами, се најатрактивните сфери за младите кои одлучиле да почнат сопствен бизнис. Но, освен идеја, порачуваат претприемачите, за успешна реализација на замисленото, неопходни се и знаење и многу упорност. Претприемништвото е движечка сила на секоја национална економија, обезбедува корист на општествено и на индивидуално ниво, промовирајќи одржлив раст и развој. Претприемачите не само што сами се вработуваат, туку истовремено креираат и работни места со што играат важна улога во економскиот и општествениот живот. Поттикнувањето на претприемништвото како способност на поединецот, е повеќе од потребно во Македонија особено сега, во услови кога светот се соочува со финансиска криза.

Со добра идеја, знаење и упорност до сопствен бизнисИнформатичката технологија, маркетингот, менаџментот и изработувањето реклами, се најатрактивните сфери за младите кои одлучиле да почнат сопствен бизнис.

Но, освен идеја, порачуваат претприемачите, за успешна реализација на замисленото, неопходни се и знаење и многу упорност.

- Претприемништвото е движечка сила на секоја национална економија, обезбедува корист на општествено и на индивидуално ниво, промовирајќи одржлив раст и развој. Претприемачите не само што сами се вработуваат, туку истовремено креираат и работни места со што играат важна улога во економскиот и општествениот живот - рече министерот за економија Ваљон Сараќини, кој ја отвори Глобалната недела на претприемништвото. Според него, поттикнувањето на претприемништвото како способност на поединецот, е повеќе од потребно во Македонија особено сега, во услови кога светот се соочува со финансиска криза.

За Филип Арсов, претприемач, и еден од менторите на заинтересираните млади учесници во Глобалната недела, за почнување бизнис е најбитно да се има идеја, голема желба за некоја конкретна работа.

- Тоа е основното. Финансиите се резултат на реализираното потоа, оствареното, вид награда за вложениот труд. Претходно мора вредно и упорно да се работи. Секако, неопходно е и знаење, но клучно за успех е да се биде упорен. Погрешно е да се мисли дека најпрво се потребни финансии - изјави Арсов.

Глобалната недела на претприемништво е најголемиот светски настан за промоција на претприемништвото меѓу младите луѓе. Од 12 до 18 ноември милиони луѓе во светот учествуваат на настаните организирани по овој повод во стотици градови.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik